Лила, Спејко и Марјана за U&Z Influencer Awards 2019

Првата недела од декември почна гламурозно за инфлуенсерите пријавени на U&Z Influencer Awards – настан што првпат се одржа во Македонија во организација на Колор медиа плус, издавачот на најстариот женски магазин кај нас „Убавина и здравје“, и кој претставуваше можност да станете влијателна личност на социјалните мрежи или да ја зацврстите својата позиција на нив.
Прекрасно украсената сала на Ragusa Rooftop 360 многу брзо се наполни со убави луѓе, дотерани во chic&glam стил, меѓу кои покрај истакнатите инфлуенсери, имаше и многу наши јавни личности и претставници на медиуми, меѓу кои и JingleTV.
Членови на стручното жири беа тв-водителката и лидерка на Инстаграм Лила Филиповска, победникот на регионалното реално шоу „Големиот брат“ Дарко Спејко, како и познатата водителка Марјана, наскоро не го пропуштајте ексклузивниот извештај од овој спектакл ексклузивно на JingleTV во Jingle Magazin !