top of page

Само Сител знае да одбере турски мегахит - наскоро „Се викав Мелек“

Вистинските љубители на турските семејни и потресни турски драми со задоволство ги паметат нивните омилени Кога лисјата паѓаат и Бурни времиња, кои ги разнежнија вашите души и ги расплакаа вашите срца. И токму сега, Сител телевизија најавува уште еден мамец за публиката, магнет за целото семејство - најсентименталната драма од земјата на Босфорот. Наскоро, ексклузивно на Сител стартува "Се викав Мелек".

Ако А1 телевизија успеа да направи вистински бум и феномен во Македонија со емитувањето на Шехерезад, Лисјата, Волците и Дамата, по неа Сител телевизија продолжи да ги емитува најгледаните и најдобрите турски серии, кои ги емитуваат само најдобрите телевизии на Балканот.

Доаѓа време за нова трогателна приказна. Приказната за едно дете, кое нема ниту јаве, но нема ниту сон. Тешка е судбината на ова дете. Сагата за несреќното детство на Мелек нема никого да остави рамнодушен, а солзите на малото девојче ќе ги стопат и најледените срца на гледачката публика.

Ќе има ли спас за ова девојче од шлаканиците и ќотекот што ги трпи секојдневно во својот дом? Може ли тоа дете да се врати мирно од училиште и да знае дека нема повторно да биде тепана? Може ли тоа дете да има безгрижно детство како секое друго?

Крикот на девојчето ќе навести разврска каква што никој не очекува, а плачот ќе допре до сите оние кои ќе сочувствуваат со трагичниот нејзин живот. Болна е приказната за Мелек, болни се солзите на едно дете.

Во нејзиниот живот се појавува таа, учителката и спасител, која ќе и покаже што значи вистинска родителска љубов. Во улогата на малата Мелек ќе ја гледаме осумгодишната Берен Гокјилдиз, која ја освои турската јавност со улогата во која ги покажа буквално сите емоции, a во улогата на учителката настапува познатата Џансу Дере, која ја паметиме по главните улоги во "Сила" и "Езел".

© 2022 Jingle TV

bottom of page